orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Лето 2020

Хотел АКВАЛИНА 4*

Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум. Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. 
Во својот сместувачки капацитет располага со вкупно 84 соби од кои, 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај, 7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби, 6 трокреветни соби опремени со ЛЦД ТВ, кабловска телевизија, телефон, WI-FI, купатило, фрижидер, услуга во соба. Хотелот располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите.  
Хотелот Аквалина располага со сопствена плажа во чиј состав работи и бар со капацитет од 100 седишта каде во секое време можете да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика. Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце и во летниот период е обезбедена со професионални спасувачи на вода. Гостите можат да уживаат и во отворен базен со лежалки и бесплатна услуга за пешкири. Бар услугата е достапна во двата базени со вкусни сендвичи, свежи салати, коктели и ладни пијалоци.  
Ресторанот е со околу 220 седишта погоден за фамилијарни веселби, крштевки, родендени и свадби. Во рамки на хотелот работи и летна тераса која ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води. Врвните специјалитети на кујната ќе ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор. 
 Располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал, кошарка, ракомет, тенис, одбојка, 1 терен за голем фудбал. Терените ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби, а особено идеални за припреми на спортски екипи. 
 
ТИП НА СОБА Ноќевање со појадок
BB
Ноќевање на база полупансион
НВ
1/2 двокреветна соба 35 € 42 €
7 дневен аранжман по лице 199 € 230 €
Викенд аранжмани по лице  60 € 72 €
 
Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 еур = 62 мкд 
 
Цените се дадени по лице  
Еднокреветна соба: + 30 % од цената по лице 
Деца до 4 години гратис  
Дете од 4 до 11 години  - 30 % од цената  
Трето лице во соба на дополнителен кревет плаќа - 30 % од цената 
Доплата за полн пансион ( ручек ) - 10 € 
Доплата за користење на соба со сауна / спа када 10 € 
Користење на базен, мини аква парк, спортски терени