orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни понуди 2020

Мадрид на пролет

 

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

 

1 ден: СКОПЈЕ – СОФИЈА – МАДРИД

Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин во 09.00 часот. Се патува преку граничен премин Деве Баир. Пристигнување на аеродромот во Софија. Полетување за Мадрид во 16.55 и пристигнување во 19.50 часот. Трансфер и сместување во хотел. Слободно вечер. Ноќевање.

 2 ден : МАДРИД

Појадок. Факултативно разглед на градот со метро и пеш (3 часа)Прошетка низ центарот по познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Препорачуваме посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми…Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”. Прошетка преку познатиот парк Ретиро и посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… Можност за посета на стадионот „Сантиаго Бернабеу“, на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал“. Слободно време за индивидуални прошетки и вечера во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Ноќевање.

3 ден: МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. Екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастиља и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно – историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле, Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Враќање во Мадрид во попладневните часови. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

4 ден : МАДРИД - СОФИЈА - СКОПЈЕ

 Појадок. Полудневен излет во местото Ел Ескориал – кралското место и манастирот Св. Лоренцо, кое денес функционира како манастир, музеј, Кралска палата, училиште и кралска гробница. Враќање во хотел. Трансфер до аеродромот во Мадрид. Полетување за Софија со во 20.25 и пристигнување во 00:55 часот. Трансфер и пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

       ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 20.11.2019 .................. 299 ЕВРА

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 ЕВРА (24.740,00)МКД

 

Цената вклучува:

– Авионски превоз на релацијата Софија – Мадрид – Софија

– Трансфер Скопје – Софија – Скопје

– Рачен багаж – 1 торба со димензии 40х30х20см со максимална тежина до 8 кг

– Организиран трансфер Ародром – Хотел – Аеродром

– Сместување во Хотел во Мадрид на база 3 ноќевања со појадок

– Разглед на Мадрид според програмата

– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 Цената не вклучува:

– Аеродромски такси 4.990 мкд

– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.200 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)

- Разглед на градот Мадрид со метро и пеш (3 часа) .......30 евра по лице

– Факултативна целодневна посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 55 евра

– Факултативна полудневна посета на Ел Ескориал 55 евра

– Факултативна посета на Фламенко 50 евра

– Влезници во локалитетити

– Карти за локален превоз (метро)

– Патничко-здравствено осигурување

– Туристичка такса – се плаќа на рецепција во хотел

– Доплата за еднокреветна соба 7.600 мкд

  

Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

– За овој програм важат Опшите Услови на .

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

  Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

 

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

 

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот (во случајот промена на цена на авио билетот) или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Начини на плаќање:

– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.